Ибутоп гел 50g
Гел

Ибутоп гел 50g

zig zag
246 ден

Ибутоп Гел е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

Активна супстанција: Ibuprofen/Ибупрофен

За употреба кај возрасни и адолесценти на возраст од 14 години и постари

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

  • Опис
  • Начин на употреба
  • Медиа

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Што претставува Ибутоп Гел и за што се употребува

Ибутоп Гел е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

Индикации

За локален придружен симптоматски третман на болка во случај на

  • акутно истегнување, исчашување или нагмечување на екстремитетите како резултат на тапа траума на пр. спортски повреди
  • мускулен ревматизам
  • артрози (болни дегеративни состојби на зглобовите)
  • воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
  • оток и/или воспаление на меките ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули), вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго.

Мора да разговарате со лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо после 3 дена.

Начин на издавање на лекот

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Како да го употребувате Ибутоп Гел

Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатство или како што Ви рекол Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Ако не сте сигурни проверете кај Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.

Препорачана доза е:

Ибутоп Гел се нанесува 3-4 пати на ден. Зависно од големината на засегнатата регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm гел што одговара на 2-5 g  гел (100-250 mg ибупрофен).  Максималната дневна доза е 20 g гел што одговара на 1000 mg ибупрофен.

Начин на употреба

Само за надворешна употреба! Да не се голта!

Нанесете Ибутоп Гел на кожата и лесно втријте го.

Продирањето на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирано со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија). Ибутоп Гел треба да се нанесе под катодата (негативен пол). Интензитетот на струјата треба да биде 0,1-0,5 mA на 5 cm² на површина на електродата и времетраењето на третманот до приближно 10 минути.

 

Времетраење на третманот

Вашиот лекар одлучува за времетраењето на третманот. Генерално,  доволна е апликација во период од 1-2 недели. Надвор од овој период терапевтската ефикасност не е докажана.

Ако ефикасноста на Ибутоп Гел Ви се чини премногу силна или премногу слаба, Ве молиме контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

 

Ако сте употребиле повеќе Ибутоп Гел отколку што треба

 

Доколку се надмине препорачаната доза за апликација на кожа, гелот треба да се отстрани и кожата да се измие со вода. Контактирајте го Вашиот лекар доколку нанесете количина што е значително поголема или во случај на несакан внес на Ибутоп Гел.

Специфичен противотров не постои.

Ако имате какви било дополнителни прашања за употребата на овој лек, прашајте го Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.