Ибутоп крем 100g
Крем

Ибутоп крем 100g

zig zag
374 ден

Ибутоп Kрем е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.

Активна супстанција: Ibuprofen 5 % / Ибупрофен 5 %

За употреба кај возрасни и адолесценти на возраст од 14 години и постари

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

  • Опис
  • Начин на употреба
  • Медиа

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевт”

Што претставува Ибутоп Kрем и за што се употребува

Ибутоп Kрем е лек кој ослободува од болка и антиинфламаторен лек за апликација на кожа.​

За локален или придружен третман во случај на

  • мускулен ревматизам,
  • болни дегеративни состојби (артроза),
  • воспалителни ревматски состојби на зглобовите и ‘рбетниот столб,
  • оток или вопспаление на мекте ткива во непосредна близина на зглобовите (на пр. бурса, тетиви, обвивка на тетиви, лигаменти и зглобни капсули),
  • вкочанетост во рамената, болка во долниот дел на грбот, лумбаго,
  • спортски и други случајни повреди како што се нагмечување, исчашување, истегнување.

Мора да разговарате со лекар ако не се чувствувате подобро или ако се чувствувате полошо после 3 дена.

Начин на издавање на лекот

Лекот може да се издава во аптека без рецепт.

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Како да го употребувате Ибутоп Kрем

Секогаш употребувајте го овој лек точно како што е опишано во ова упатството или како што Ви рекол Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра. Ако не сте сигурни проверете кај Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.

Препорачана доза е:

Нанесете Ибутоп Kрем 3-4 пати на ден. Зависно од големината на болната регија што треба да се третира, Ви треба 4-10 cm од кремот што одговара на 2-5 g  крем (100-250 mg ибупрофен).  Максималната дневна доза е 20 g крем што одговара на 1000 mg ибупрофен.

Начин на употреба

Само за надворешна употреба! Да не се голта!

Нанесете Ибутоп Kрем на кожата и лесно втријте го. Во случај на интензивни хематоми и исчашувања, на почетокот на третманот може да биде од корист употреба на оклузивна преврска. Продирањето на активната супстанција низ кожата може да биде интензивирано со помош на јонофореза (специјална форма на електро-терапија). Ибутоп Kрем треба да се нанесе под катодата (негативен пол). Интензитетот на струјата треба да биде 0,1-0,5 mA на 5 cm² на површина на електродата и времетраењето на третманот до приближно 10 минути.

Времетраење на третманот

Вашиот лекар одлучува за времетраењето на третманот. Генерално, доволна е апликација во период од 2-3 недели. Надвор од овој период терапевтската ефикасност не е докажана.

Ако ефикасноста на Ибутоп Kрем Ви се чини премногу силна или премногу слаба, Ве молиме контактирајте го Вашиот лекар или фармацевт.

Ако сте употребиле повеќе Ибутоп Kрем отколку што треба

Доколку се надмине препорачаната доза во случај на употреба на кожа, кремот треба да се отстрани и кожата да се измие со вода. Контактирајте го Вашиот лекар доколку нанесете количина што е значително поголема или во случај на несакан внес на Ибутоп Kрем.

Специфичен противотров не постои.

Ако имате какви било дополнителни прашања за употребата на овој лек, прашајте го Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.