Ибутоп Акут меки капсули
Капсули

Ибутоп Акут меки капсули

zig zag
191 ден

Ибутоп Акут е против воспалителен лек и лек кој ослободува од болка (не-стероиден анти-инфламаторен/антиревматски лек).

Ибутоп Акут се светло сини меки капсули, за перорална употреба.
Активна супстанција: Ibuprofen/Ибупрофен

1 мека капсула содржи 400 mg ибупрофен.

За употреба кај возрасни и адолесценти од 15-годишна возраст

  • Опис
  • Начин на употреба
  • Медиа

“Пред употреба внимателно да се прочита упатството! За индикациите, ризикот од употребата и несаканите дејства на лекот консултирајте се со Вашиот лекар или фармацевтШто претставува Ибутоп Акут и за што се употребува

Што преставува Ибутоп Акут и за што се употребува

Ибутоп Акут е против воспалителен лек и лек кој ослободува од болка (не-стероиден анти-инфламаторен/антиревматски лек).

 

Терапевтски индикации на Ибутоп Акут

Ибутоп Акут се употребува:

  • при лесна до умерена болка (главоболка, мигренозна болка, забоболка, менструална болка)
  • при грозница (покачена телесна температура)
  • за симптоматски третман на болка и воспаление кај пациенти со

– акутно воспаление на зглобовите (акутен артритис), вклучувајќи напад на гихт
– хроничен артритис, особено ревматоиден артритис (хроничен полиартритис)
– анкилозен спондилитис (Bechterew-ова болест) и други воспалителни ревматски заболувања на ‘рбетот
– иритација од дегенеративни заболувања на зглобовите и ‘рбетот (остеоартритис и спондилоартритис)
– воспалителни ревматски заболувања на меките ткива
– болни отоци и воспаление по повреда или операција.

 

Начин на издавање на лекот

Лекот може да се издава во аптека без рецепт (БР).

 

За повеќе информации, предупредувања и несакани дејства Ве молиме прочитајте го целото упатство.

Како се зема Ибутоп Акут
Секогаш земајте го овој лек точно како што Ви кажал вашиот лекар или фармацевт. Проверете кај Вашиот лекар или фармацевт ако не сте сигурни.

Препорачаната доза е:

 

За ублажување на болка и намалување на грозница:

Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачана единечна доза за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 200 до 400 mg ибупрофен. Вкупната дневна доза не треба да надминува 1200 mg ибупрофен и треба да биде поделена во 2-4 единечни дози распоредени во текот на денот.

Кога сте ја зеле/употребиле максималната единечна доза, почекајте најмалку 6 часа пред да ја земете/употребите следната доза.

 

За третман на ревматски заболувања:

Дозата на ибупрофен треба да се заснова на возраста и/или телесната тежина. Препорачаниот опсег на дозата за адолесценти од 15-годишна возраст и возрасни е од 1200 до 2400 mg ибупрофен на ден. Максимална единечна доза за возрасни не треба да надминува 800 mg ибупрофен.

За третман на ревматски заболувања, можеби ќе треба да се зема/употребува Ибутоп Акут продолжен временски период. За времетраењето на третманот ќе одлучи лекарот што лекува.

Треба да се употреби најниската ефикасна доза за најкраткото времетраење, потребно за олеснување на симптомите. Веднаш консултирајте се со лекар ако имате инфекција и ако симптомите (на пр. грозница и болка) траат или се влошуваат (видете дел 2).

 

Доза за постари лица:

Не е потребно посебно прилагодување на дозата.

 

Нaчин на употреба и времетраење на третманот
Проголтајте ја Ибутоп Акут цела со многу течност и не ја земајте на празен желудник. Ако имате чувствителен желудник, се препорачува да земате Ибутоп Акут за време на оброци.
Ако земете повеќе Ибутоп Акут отколку што треба

Земете Ибутоп Акут како што Ви кажал Вашиот лекар или како што е опишано во инструкциите за дозирање во ова упатство. Ако мислите дека не постигнувате соодветно ублажување на болката, не ја зголемувајте дозата самостојно, туку прашајте го Вашиот лекар.

 

Ако сте зеле/употребиле повеќе Ибутоп Акут отколку што треба, или ако деца случајно го зеле/употребиле овој лек, секогаш контактирајте лекар или блиска болница за да добиете мислење за ризикот и совет за дејствието што треба да се преземе.

 

Симптомите на предозирање може да вклучуваат гадење, болка во стомакот, повраќање (може да биде прошарано со крв), главоболка, ѕвонење во ушите, конфузија и разнишано движење на очите. Исто така, можни се гастроинтестинални крварења. При високи дози се пријавени поспаност, главоболка, болка во градите, чукање на срцето, губење на свеста, конвулзии (главно кај деца), слабост и вртоглавица, крв во урина, оштетување на функцијата на црниот дроб и бубрезите, депресивно дишење (респираторна депресија), пријавени се пад на крвниот притисок, сина/виолетова боја на кожата и мукозните мембрани (цијаноза), чувство на студено тело и проблеми со дишењето.

Специфичен противотров нема.

Ако сте заборавиле да земете Ибутоп Акут
Не земајте двојна доза за да ја надоместите заборавената доза. Kога ќе ја земате следната доза не земајте повеќе од вообичаената препорачана количина.

Ако имате дополнителни прашања во врска со употребата на овој лек, прашајте го Вашиот лекар, фармацевт или медицинска сестра.